Вчера попладне на ул. „7-ми Септември“ во Кавадарци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило марка „опел корса“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К. (28) и мотоцикл, управуван од Љ.П. (24) од Кавадарци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Општата болница Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.