Преку рачно напишано соопштение на лист хартија искинат од тефтер, судијата Огнен Ставрев денеска информираше дека судското рочиште за предметот „ТНТ“ е одложено поради превенција од корона вирусот.

Како што пишува Ставрев, следното рочиште ќе се одржи на 19 март.

Во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, обвинети се, поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот премиер Никола Груевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.