Синоќа околу 23 часот и 40 минути во центарот на Струга се случила масовна физичка пресметка помеѓу две групи кои во пресметката користеле и разни помагала (боксирачи и шипки) и други предмети, објави порталот „News1.al“.
Полицијата привела повеќе лица кои околу полноќ се однесени во полициска станица.
Според извори на „News1.mk“ немало употреба на огнено оружје и нема сериозно повредени.
На местото каде се случила тепачката останале крвави траги што, пак, предизцвика бројни шпекулации низ Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.