Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјална антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Прилеп вчера е пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, од Албанија преку Македонија со крајна дестинација за Грција, во вредност од околу 200.000 евра, соопштија од МВР.
На патниот правец Прилеп-Битола од страна на сообрaќајна полиција запрено е патничко возило „пежо караван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(31) од Скопје и при извршена контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола и возилото не било технички испрвно, а по извршениот преглед биле пронајдени две патни торби во кои имало девет големи пакувања марихуана, во вкупна количина од 50 килограми, информираат од МВР.
М.Ј. е приведен слобода, за настанот известен е јавен обвинител од ОЈО Прилеп и се преземаат мерки за утврдување на евентуална инволвираност и на други лица при транспортот на дрогата, по што од страна на ОВР Прилеп до надлежното ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.