При контрола на граничниот премин Табановце се санкционирани две возила струмички возила со кои биле превезувани патници.

Транспортно комби немало дозвола за меѓународен превоз, додека шофер на автобус го немал соодветното лекарско уверение.

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север на 25 декември 2021 во 12 часот на Граничен премин Табановце при извршена контрола во возило „форд транзит“, со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Л.(22) од Струмица, констатирале дека врши меѓународен превоз на патници без дозвола за меѓународен линиски превоз.

 

Лицето било предадено за понатамошна постапка на инспектор од Државен инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски.

 

Исто така, во 14.30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола во автобус на превозно претпријатие од Струмица, при што било констатирано дека возачот Н.И.(36) од Кочани не поседува лекарско уверение, за што ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.