Tоварно моторно возило „ивеко“ во кое имало мигранти, изутрината удрило во рапма, а потоа во бетонска жардињера на наплатната станица кај Миладиновци во близина на Скопје.
Како што соопштија од МВР за МИА, во 8:20 часот утрово во СВР Скопје било проијавено дека ТМВ Ивеко со скопски регистарски таблички удрило во рампата и потоа во бетонска жардињера на наплатната станица Миладиновци.
Возачот го напуштил местото на настанот, а во визолото била пронајдена група мигранти, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.