Полициски службеници од СВР Струмица вчера го лишиле од слобода Б.А.(29) од скопското село Арачиново поради тоа што во 5:45 часот на регионалниот пат меѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, при преглед на товарно возило „рено мастер“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 36 мигранти (двајца од Ирак, еден од Камерун, тројца од Пакистан, девет од Авганистан и 21 од Сирија).
Како што соопшти МВР, Б.А. бил задржан во Полициската станица во Струмица.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.