Комбе изгоре во пожар попладнево во Неготино, кај населбата Саат кула, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица.
На лице место интервениравме со две возила и четири пожарникари. Спречивме огнот да се прошири на тракторот на сопственикот на комбето и на неговиот полски објект, на околината, рекоа од противпожарната единица.
Оттаму повикаа населението да биде повнимателно, особено сега при високи температури. Притоа потсетија дека деновиве исто така изгоре жито од ниви во неготинскиот атар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.