Фотографиите направени денеска, 26 август, испратени од читател до нашата редакција, ја прикажуваат моменталната состојба во Битола. Белиот чад кој се издигнува зад зградите и во лето ги труе битолчани.

РЕК Битола, денес како Чернобил 2, коментира нашиот читател.

Битола е еден од трите најзагадени градови во Македонија покрај Скопје и Тетово. Иако е втор по големина град во земјата тој сè уште нема гасовод, па властите вината за енормното загадување секогаш ја бараат во домаќинствата кои се греат на дрва.

Не во запалените депонии од дивиот град над градот и оние што ги палат, никако во неконтролираната сеча на Баба или шерифлукот во сообраќајот, недајбоже во оџаците на РЕК. Прашањето е само, кој тоа таму се грее на 40 степени среде август?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.