Жалбата на Чавков доставена против пресудата од 18 години затвор за тероризам не била стигната до Апелациониот суд во Скопје кој денес ја започна седницата за одлучување за предметот за 27-ми април во кој на 211 години затвор беа осудени 16 лица. Вака започна денот во скопска Апелација со дилема и прашање на кое никој немаше одговор.
Извори од адвокатските тимови велат дека за оваа жалба се нема произнесено ниту Вишото јавно обвинителство, но според атмосферата во судот забележувале упорност да продолжи да тече оваа постапка, иако започна со некомплетна документација.
Екс-министерот за внатрешни работи Митко Чавков ја поднел уредно и навремено жалбата на која треба да се темели одлучувањето на апелациониот суд, за што е доказ понатамошниот епилог во текот на денот имајќи предвид дека после пообемна потрага истата била пронајдена, но како заведена со друг архивски број.
Дознаваме дека судијата известител во текот на утрешниот ден, кога ќе продолжи оваа седница, ќе известува за жалбата на Чавков, иако судот „ја пронајде“ дури подоцна во текот на денот.
Според правници кои се во тек со случајот, судот веднаш по констатирање дека не ја добил жалбата требало да прекине со работа до нејзиното пронаоѓање, но со делумна зачуденост го коментираат инсистирањето на судот да ја продолжи денешната седница додека судските служби очигледно добиле наредба „по секоја цена“ да ја лоцираат жалбата на Чавков.
Претходно одбраната побара изземање на судијата Јани Нича бидејќи веќе одлучувал во првостепената фаза на судењето, но ова барање беше одбиено. Дел од осудените донесени од затвор каде ја издржуваат казната реагираа бидејќи не им била обезбедена храна, иако со часови доцнеше почетокот на судењето. Од седницат, иако јавна, беа исклучени членови на семејствата на обвинетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.