Повеќе извори во МВР и други државни служби тврдат дека високи припадници на различни служби во безбедноста се денеска повикани во Обвинителството за организиран криминал да дадат изјави за случајот „Планина“, од кои истекоа информации по што главните осомничени избегаа, пренесува Експрес.мк.

Според изворите во текот на денешниот ден обвинителството повикува високи полициски службеници на распит за провала на акцијата Планина.

Меѓу повиканите според изворите се полициски функционери од МВР, Одделот за криминалистичка полиција и од Одделот за организиран криминал кои треба да дадат одговори како се истечени детали од акцијата и се предупредени припадниците на нарко групите во Грчец и Гази Баба.

Обвинителството засега не ја потврдува оваа информација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.