Битолчанецот Вангел Котевски е херој на денот, откако автобус на „Хафет турс“ кој се сообраќал на релација Скопје – Сплит, утрово во 3 часот се запалил во возење во близина на црногорското летувалиште Петровац. За среќа во инцидентот нема повредени, сите патници за кратко време го напуштиле автобусот, кој е речиси уништен од пожарот.

Котевски од опожарен автобус успеа заедно со уште еден сопатник да ги евакуира околу 50 други патници, македонци.

На местото на настанот брзо пристигнала локална противпожарна екипа која го изгаснала пожарот.

Патници го продолжиле патот со друго возило на компанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.