Околу 50 полицајци пристигнале синоќа во кафе-барот „Мош“ во центарот на Скопје, кој продолжи со работа, откако завчера му била поднесена пријава за пречекорување на работното време, додека таму гостувал српскиот пејач Владо Георгиев.
Стојко Пауновски, директор на Државниот инспекторат, изјави вечерва за „360 степени“ дека следната недела кафе-барот ќе биде затворен 10 дена. Тој вели дека моментно е на терен во Гостиварско, каде што, исто така, имало случаи на непочитување на протоколите за заштита од ковид-19, ама дека колегите го известиле дека пред кафе-барот „Мош“ пристигнале пеесетина полицајци, кои не постапувале затоа што немале овластување.
Инспекторите, како што вели Пауновски, синоќа влегле во „Мош“ и им посочиле на вработените да ги оддалечат масите и да отстранат дел од инвентарот, односно да постапат согласно со протоколите и да обезбедат дистанца. Но кога инспектрите заминале од локалот, сопствениците повторно ги вратиле масите. Потоа дел од медиумите јавија дека локалот работел повторно со многу гости и гласна музика, како и дека повторно настапувал Владо Георгиев.
Поради тоа, сега е поднесена и кривична пријава за загрозување на јавното здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.