Физичките докази и анализата на ДНК треба да откријат кој го уби 55 годишниот В.С. од Кочани.

Обвинителството во соработка со полицијата се уште ја расчистува семејната драма што заврши фатално за В.С. а неговата сопруга ја однесе на одделението за неврохирургија во Штип.

Обдукцијата досега покажа дека смртта кај мажот е насилна и настапила по неколку удари со нож во пределот на градите.

Доказите се тие што треба да го утврдат редоследот на настаните, а првичната истрага досега само потврди дека Столковски со остар предмет и ги нанел повредите на сопругата, која со исеченици по телото, повреди на главата и мал излив на мозокот се уште е во штипската болница.

Вчера на разговор во полиција се повикани и нивните двајца синови на возраст од 25 и 30 години. Тие биле присутни на расправијата меѓу нивните родители, а едниот од нив и ја повикал полицијата да ги извести дека по насилство во домот неговата мајка е повредена.

Кога пристигнала полицијата и брзата помош освен повредената жена го нашле и беживотното тело на нивниот татко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.