На 08.02.2019 година во 12.00 часот во ПС Кочани Љ.Л.(31) од Кочани вработена во Јавна општинска установа детска градинка на ул.„9 Мај“ во Кочани пријавила дека истиот ден околу 08.30 часот, додека била на работа О.Ц.(33) од Кочани упатувал сериозни закани по нејзиниот и животот на останатите вработени и физички ги нападнал.
Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот. Во ПС Кочани веднаш е повикан О.Ц. и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, наведува МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.