Огромен пожар ја зафати боровата шума во близина на Велес, на патот кон езерото Младост. Огнот избувнал на пладне, а горат борови и сува трева.

Во вестите на Сител, градоначалникот на Велес, Коцевски рече дека пожарот е се уште активен, а гори на уште три места.

„Активирани се добловолци и противпожарни екипи од повеќе градови а ангажирани се и хеликоптери од АРМН кои помагаат во гаснење на пожарот.

Неофицијално се работи за подметнат пожар, а штетите се огромни“ рече Коцевски.

Од општина Велес апелираат граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото, а возачите кои минуваат на автопатот внимателно да управуваат со моторните возила бидејќи поради чадот е намалена видливоста на коловозот и го попречува безбедното одвивање на сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.