Во периодот од 17.00 часот завчера до 08.00 часот вчера, непознат сторител извршил тешка кражба во автоплац за продажба на половни возила на булевар „Србија“, општина Аеродром.
Сторителот со употреба на сила влегол внатре и одзел три патнички возила марка „БМВ “, „Ауди“ и „Мерцедес “. Сторителот ги стартувал возилата со клучевите кои биле оставени во возилата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.