Обвинетиот Бојан Јовановски нема малигни здравствени проблеми, туку има хроничен гастрит, односно воспаление на желудникот. Ова денес го констатира судијката Васка Николовска-Масевска на судењето за „Рекет“ читајќи го известувањето од лекарот од Клиниката за гастро во Скопје кој вчера го прегледал обвинетиот. Судијката прочита дека Јовановски нема малигни елементи во неговата здравствена состојба, туку дека има хроничен гастрит.

Јовановски не се повлекува од тврдењето дека е многу болен, дека има рак и дека неговата здравствена состојба е живото-загрозувачка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.