Во Охрид синоќа во 21:30 часот, на улицата „Васил Главинов“ при преглед извршен врз охриѓанецот Т.Љ.(31), полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа две најлонски кеси со марихуана.

При претрес во неговиот дом, како и во помошна просторија што ја користел на улицата „Марко Нестороски“, информираа денеска од МВР, пронајдени се 80 полиетиленски опаковки со различа тежина на марихуана наменети за улична продажба на наркозависници од Охрид.

МВР соопшти дека Т.Љ. е приведен и против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.