Наташа Апостоловска, ќерка на 69-годишен тетовец кој почина од коронавирус, преку социјалните мрежи тврди дека не добиле лекарска грижа додека татко и бил на лечење во Заводот за рехабилитација во Козле и бара да се спроведе истрага за неговата смрт.

Вчеравечер почина татко ми. Се надевам дека ќе спроведе истрага. Најжално е што поради тие лекари и јас и мајка ми се заразивме и сме позитивни, тие не преземаат ни морална обврска, а ние ниту на погреб не може да му одиме на татко ми. Само за нас важат законите, прописите и упатствата, објави денес Апостоловска на профилот на „Твитер“, означувајќи ги и прашувајќи ги министерот Филипче и Министерството за здравство.

Таа на 25 март алармираше дека од Заводот за рехабилитација во Козле, каде бил од 9 до 23 март, татко ѝ бил отпуштен без да биде тестиран за коронавирус. Поради симпоми бил хоспитализиран на 25 март во тетовско Инфективно одделение, каде му е утврден Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.