„На кого ти пишуваш казни за неносење на заштитни маски? И на мене ли си ми пишал бе, ќе ти е..м се по список и ќе те убија и ќе те скинам“? Ова се закани кои Дејан Саздов, генералниот секретар на Синдикатот на полицијата во Македонија, обвинува дека ги добил откако одржал прес-конференција пред ЕВР Гази Баба, Скопје. Заканите вели Саздов ги добил од командирот на Полициската станица во Арачиново.
На ден 03.07.2020 година, 24 часа после одржана прес-конференција поради обелоденување за прекршување на Кривичниот Законик на РМ, односно откако беа посочени организациони единици каде раководители кои не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, а кои постапуваат спротивно на Законските прописи и правилата во Министерствотро за внатрешни работи, на наведениот ден поточно во времето околу 18:15 часот на подрачјето во село Арачиново при извршување на службени работни задачи од страна на командир на ПС Арачиново, кој не беше на должност односно со неповикано пристигнување со приватно возило на местото на настанот, беа упатени смртни закани кон мојот живот со заканување дека ќе бидам ликвидиран од негова страна. Заканите беа сериозни, односно дека ќе бидам убиен под изговор поради превземање на мерки за непочитување и некористење заштитни средства против заразната болест ковид-19 – вели Саздов.
Тој додава дека за настанот истиот ден имало дополнително насилство, односно спречување од незаконски поставен раководител во Полициската станица во Арачиново, а со цел за да не биде пријавено и непримање на пријава за Насилството и упатените закани поради помагање и обид за прикривање на Кривичното дело.
Случајот беше пријавен во Полициската станица Гази Баба во Скопје за што во присуство на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола и полициски службеници од оддел за насилен Криминал е пријавено Кривично дело Загрозување на сигурноста по член 144 од КЗ на РМ. Во текот при постапката на пријавување неофицијално кон мене се допрени информации дека во времето од 21:00 часот до 23:00 часот се јавувал кон службените лица висок фукционер како дополнителен началник со што постои сомнение за вршење на притисок а со цел заташкување на случајот за заштита на поставениот незаконски командир на Полициската станицаАрачиново, кој е поставен на функција со Решение на министер од декември 2019 година – дополнува Саздов.
Тој вели дена неговиот живот во моментот е доведен во опасност поради добиените закани од непосреден раководител кој се уште е на службената положба со овластување и вооружен со службено оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.