По вчерашниот инцидент во струмичката болница, кога било украдено тело на пациент кој ги имал сите симптоми на заболен од коронавирусот, надлежните изјавуваат дека тест на ковид-19 ќе мора да се направи.

Ирина Бухова, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат синоќа за ТВ Сител најави дека ќе се прави пост мортем тест.

Ова би го дефинирала како културолошка неукост и голем срам. Тоа што утринава се случи во Струмица е за осуда. Пациентот утринава беше донесен во ковид амбулантата на Инфективното одделение во градската општа болница Струмица во придружба на две лица. При првичниот преглед константирано е дека се работи за гојазност, висок притисок, висока гликемија и од првите добиени анализи измерена сатурација 50% , што значи висока суспекција за инфекција со ковид. Но бидејќи ситуацијата налагала ургентна дијагностичка и терапевтска постапка екипата пристапила кон истата и немало време за брис кој би ја докажал оваа дијагноза“, рече Сотирова Бухова за Сител.

Вчера пациент на 49-годишна возраст бил примен во амбуланта во тешка состојба, а го донеле неговата ќерка и сопругата. По дваесетина минути тој починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица насилно го извлекле починатиот во дворот на болницата, го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и заминале во непознат правец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.