Во четврток, 8 април од 15:30часот, таткото на убиениот Никола Саздовски – Саздо, Тони Саздовски, неговиот адвокат Ванчо Шехтански и претставници на Комити ќе дадат изјава пред Јавното Обвинителство во врска со барањето за зголемување на казната, коe ќе биде поднесено во Јавното Обвинителство.
Сведоци сме како повторно неправдата го напаѓа системот и се обидува да стане дел од позитивните прописи. Чувствуваме должност да реагираме, и случајот Саздо повеќе да не се повтори. Тоа е поуката која треба да ја извлечеме, за да изградиме еднакво општество, во кое граѓаните веруваат во системот, се вели во нивната порака.
После изјавите за медиумите, кои се, како што велат, со цел народот и јавноста да ја знаат вистината, следи Панихида за Саздо која ќе биде организирана од навивачката група Комити во Ракотинци од 16:45ч.
Велат дека постојат само два типа на луѓе, добри и лоши. Човекот секогаш знае што е добро, а што лошо. Сите религии не учат да не нанесуваме зло на другите. Не учат дека и доколку свесно или несвесно погрешиме, барем да се покаеме, за да можеме чисти пред Бога да побараме прошка. Но кога ќе се стори смртен грев, и кога ќе згасне млад живот, кога нема враќање назад, како случајот со Саздо, тогаш најмалку што треба да направите е пред се најпонизно да застанете пред неговите родители и најблиски, да ги погледнете во очи, безусловно да се покаете и да побарате прошка, затоа што ним најмногу им ги зацрнивте животите. Ним им ја украдовте среќата, нив ги завивте засекогаш во црно, ним им ја одземавте и разделбата и последните зборови, поглед, насмевка, солзи, со нивното најмило чедо.
Наместо се ова, на згрозување на сите нормални луѓе, случајот Саздо повторно го политизирате. Повторно отварате тешки рани и ја надразнувате болката.
Никакви постапки ниту пак било каква пресуди нема да го вратат Саздо, но немањето ПРАВДА која ќе биде само мала сатисфакција дека душата ќе биде слободна, ќе создаде нови случаи како овој трагичен за Саздо, семејството и сите нас кои го познававме и сакавме. Доколку не се каже цврсто и одлучно СТОП, ќе испратиме порака дека ваквите ѕверски дела оваа држава ги толерира па дури и стимулира.
Да застанеме заедно за Саздо ! За никогаш да не се повтори!, порачаа од навивачката група Комити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.