Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, денеска со полициска придружба од затворот „Скопје” е донесен за прв пат да даде исказ за случајот “Рекет”, за кој е веќе втор месец е во притвор. Јовановски кој во овој случај е првообвинет, исказот ќе го дава пред обвинител од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Останатите осомничени, второобвинетиот Зоран Милески или Зоки Кичеец и екс шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева како третоосомничена, исказ најверојатно ќе дадат во следните неколку дена, по што шефицата на обвинителниот Оддел за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска ќе одлучи дали ќе поднесе обвинение за предметот.
Од тројцата осомничени, само Милески е во домашен притвор. Барањата на Јовановски и Јанева затворскиот притвор да им биде заменет со поблага мерка од скопска Апелација беа одбиени како неосновани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.