Врховниот судија Киро Здравев застанува на чело на Судскиот совет. Како единствен кандидат за оваа функција тој денеска ја доби поддршка од сите 12 членови на советот, кои присуствуваа на седницата.

Пред нив, но и пред новинарите Здравев вети дека својот двегодишен мандат ќе го посвети на враќањето на интегритетот на судската професија и довербата на граѓаните во правосудството. Еден од приоритетите ќе бидат и заостанатите постапки за нестручно постапување на судии.

Негов заменик во следните две години ќе биде Селим Адеми, чиј мандат како член на судскио совет истекува за 6 месеци. Но Адеми вели дека ова нема да биде пречка да ја извршува функцијата.

Поддршка за изборот на Здравев и Адеми даде и првиот човек на Врховен Јово Вангеловски. Министерката Дескоска иако поканета, не присуствуваше на денешната седница на Судскиот совет. Од министерството за правда се повикуваат на одредбите од новото законско решение донесено вчера согласно препораките на ГРЕКО, според кои министерот за правда не присуствува на седници кога се вршат избори на судии или членови на судскиот совет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.