Бојан Јовановски имал комуникација и со новинарот Зоран Божиновски. Во една од пораките Божиновски му објаснува дека Александар Кирацовски настојува тие двајца да ги подобрат односите кои биле нарушени по тв-дуелот.

Ако Кирацовски ме лаже мене и јас ве лажам јас. Јас сум за нов тв-дуел на друга куќа, му пишал Божиновски.

Во друга комуникација тие се договараат во кој термин да се видат.

Претходно на денешното рочиште за „Рекет“ беа читани повеќе комуникации од телефонот на обвинетиот Јовановски. Меѓу другите, објавени се и пораките помеѓу него и Зоран Заев, со Лила Стојановска, како и оние со адвокатот Васил Димишков и синот на Цветан Панделески, Дејан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.