Во текот на вчерашниот ден, попладне на улица „Ужичка“ во Кичево, кичевец Р.Ц. (56), управувајќи патничко возило „Лада нива“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, преминал на спротивната коловозна лента и удрил во бетонски столб.

Р.Ц. се здобил со тешки телесни повреди и пренесен во Општата болница во Кичево, а потоа и во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР- Охрид



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.