Жител на Кичево се повредил со моторна пила во текот на вчерашниот ден и веднаш бил пренесен во Клинички центар.
На 13.10.2019 во 15.15 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека околу 12.45 часот во објект на ул.„Јане Сандански“, Н.В.(51) од Кичево, при работа со моторна пила се повредил во пределот на лицето. Н.В. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.