Зоран Милевски – Кичеец, еден од осомничените во истрагата за „Рекет“, се бранел со молчење, кога требало пред обвинителката Вилма Русковска да даде исказ, дознава „Фокус“ од извори од одбраната.

Иако Кичеец цели три часа се задржа во Обвинителствот за гонење на организиран криминал и корупција, сепак тој го искористил своето право да молчи.

Можно е со истата стратегија на молчење да се „брани“ и осомничениот Бојан Јовановски, бидејќи тој се уште не ги видел доказите кои обвинителството ги има против него.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.