Зоран Милески – Кичеец попладнево бил во полициската станица Карпош, каде бил повикан да даде изјава за снимките во кои тој зборува со црногорскиот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ.
Ова следува еден ден откако јавната обвинителка Вилма Русковска им даде зелено светло на министерот Наќе Чулев и полицијата да бараат докази за криминал кој потекнува од аудио „бомбите“ емитувани преку Јутуб каналот.
Аудио бомбата која се појави на „ЈуТјуб“ каналот „Раце Лепливи“, открива фрапантни сознанија и сомневања за криминал од интернационални рамки во кој се врзува името на контраверзниот српски тајкун Миодраг Давидовиќ Дака, Зоран Заев и Рашкоски. Врската за овие три имиња е Зоран Милески Кичеец кој пак е осуден за случајот Рекет.
Во снимката двајцата соговорници ги споменуваат имињата на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, а се слуша и името на поранешниот премиер, а актуелен претседател на СДСМ Зоран Заев.
Соговорникот кој зборува на српски јазик споменува дека му дал 300 илјади евра на Милески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.