Зоран Милески кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката на Стража, која се случи на 4 сепември, потврдуваат од обвинителството. Според овие информации, обвинетиот постигнал спогодба со обвинителството, а судија на претходна постапка ја прифатил спогодбата.

Во несреќата, животот го загуби сопатник во автомобилот „Санг јонг“, четири лица се здобија со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот, се здобија со полесни телесни повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.