Употребата на петарди и други пиротехнички средства е казниво дело и глобата за ваквото здоволство ќе ги чини граѓаните за врме на претстојните новогодишни празници од 200 до 500 евра во денарска противредност.
Од СВР Тетово предупредуваат дека продавање, купување и активирањето на петарди на јавни места, улица, дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој согласно члeн 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Овој месец полицијата ги засили контролните и други активности, поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства.
Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира подалеку од ваквите опасни „играчки“, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по здравјето, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото, а можат да повредат и други лица – потенцира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.