Професорот од Економскиот факултет Бобек Шуклев денеска е осуден на две години казна затвор за кривично дело примање поткуп во случајот „Еразмус“.

Обвинетиот Драги Јанев е прогласен за примање поткуп и за примање награда и е осуден на  2,5 години затвор. Обвинетиот Славе Ристовски обвинет за примање поткуп е осуден на 2,5 години затвор, додека Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинение за злоупотреба на службена положба и овластување. Судот на осудените им одреди мерка и забрана мерка на вршење на дејноста во период од 10 години.

Професорите ги прекршиле, не само кривично правните норми, туку и морални и етички норми кои ги налага кодексот во образовниот процес. Овој суд утврди дека Бобек Шуклев преземал дејствија кои му се ставаат на товар, побарал 1000 евра за да напише две оцени, со цел студентот да ги положи испитите. Тоа е утврдено од материјалните докази и ПИ-мерките. Тој побарал од студентот да има сексуални услуги, заедно да престојуваат во ресторани надвор од државата, се со цел да му пише оценка. Тоа е утврдено од видео-материјалот, како и сведоштвото на осудениот Дејан Трајковиќ – рече судијата Владимир Туфекџиќ.

Предметот „Еразмус“ беше отворен во јуни 2016 година. Професорите беа обвинети дека барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.