Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за изрекување казнени налози за три лица кои го сториле кривичното дело – непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајца од обвинетите на 23 март во 21:30 часот, а третиот во 22:05 часот, за време на епидемијата на опасна болест Ковид 19 не постапиле според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот. Тие се движеле низ подрачјето на градот во време на забрана за движење на населението од 21:00 до 5:00 часот, соопшти Јавното обвинителство.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар предложил на судот, на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.