Во текот на вчерашниот ден во периодот од 20:00 до 24:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што казнети 131 возач.

Од МВР соопштија дека од нив, 30 возеле без возачка дозвола, 82 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.