Битолското јавно обвинителство до Основниот суд Битола поднесе предлози за издавање на казнени налози за вкупно 11 лица, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Обвинетите не се придржувале кон мерките за ограничување на движењето, па иако не поседувале соодветни дозволи за движење, биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час.
Јавното обвинителство предложи на сите обвинети да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде определена во износ од 20 до 30 евра во денарска противвредност
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.