Доколку ја скршите наплатната рампа на патарина ќе платите и глоба во износ од 500 евра. Доказ против вас ќе бидат снимките од камерите на патарините.
На барање на руралните средини со измените на Законот се овозможува заштитниот појас покрај регионалните и магистралните патишта да не биде помалку од пет метри, наместо досегашните 20. Со оваа одредба, ќе се овозможи да се легализираат определен број објекти и да се урбанизираат определени подрачја.
Попрецизно се регулира и одобрувањето и поставувањето натписи, реклами, табли и инсталации во заштитниот појас на државните патишта, како и заштитни огради и столбчиња на патиштата во општините и Град Скопје.
Министерството за внатрешни почна да дели и прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа или личната карта.
Моминското презиме на невестите во пасошот ги чини од 100 до 500 евра. Според информациите на МВР досега постојано се изрекуваат прекршочни мерки токму поради оваа причина. Нема ниту една казна од 500 евра, казните најмногу изнесуваат 100 евра. Инспекторите најчесто делат опомени за оние што не ја напуштиле земјата или пасошoт го искористиле само за медениот месец.
Граѓаните се соочуваат со казни и кога ќе стигнат на шалтер на одделението за патни исправи. Оттаму се повикани на разговор со инспектор. Доколку пасошот е искористен, од страна на МВР следува глоба. Ако истата не се плати во рок од осум дена прекршочната пријава се испраќа до судија за прекршоци.
Во Законот за патни исправи е предвиден рок од 30 дена за промена на патните исправи доколку има промена на лични податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.