Мобилната единица за безбедност на сообраќајот во рамки на зајакнатата акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес санкционирала 96 возила. Од нив, 21 се движело со брзина од 50 километри на час над дозволената, а три со над 70 километри на час.

Како што соопштија од МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи – апелираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.