Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 49 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.