Изминатата ноќ, во периодот на полицискиот час, од 00.00 часот до 04.00 часот изутринава е констатирано дека 26 лица не ја почитувале забраната за движење.

Од полицијата соопштија дека во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Македонија, се казнети 449 граѓани за прекршување на мерката за носење лична заштита на лице.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.