Во текот на вчерашниот ден (30.09.) полициски службеници на територијата на град Скопје изрекле вкупно 339 казни.

Меѓу изречените казни, 22 лица се за возење без возачка дозвола, за пречекорување на дозволената брзина на движење 108 прекршоци, за технички неисправни и нерегистрирани возила 16, 7 санкционирани мотоциклисти, 73 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 84 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информира МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.