Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на држвата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 250 возачи.

Од нив, 27 возила се движеле со брзина од над 50 километри на час поголема од дозволената, а две возилa се движеле со дури над 70 километри на час над дозволената брзина.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 47, а потоа на територија на СВР Штип – 41 и на територија на СВР Куманово – 38.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.