Вчера на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 15 прекршоци, од кои 10 во населено место и 5 надвор од населено место.
Санкционирани биле и 42 други видови на прекршоци од кои 24 за управување возило без возчка дозвола, 8 за нерегистрирани возила , 6 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за непрописно престигнување и 3 за некористење сигурносен појас, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.