Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече вкупно 212 санкции, меѓу кои и 51 за возење со брзина поголема од дозволената и 13 за возење без возачка дозвола.
Како што информира МВР, изречени се и 36 санкции за прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, девет за користење мобилен телефон, пет за возење под дејство на алкохол, пет за непрописно престројување и 60 казни за непрописно паркирање.
Од МВР велат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.