Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11, осум за непрописно престројување, шест за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат пешаците, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 59 за непрописно паркирање, информираа од МВР.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.