Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 301 санкција, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 69 прекршоци, 14 мерки за возачи кои поминале на затворен семафор (црвено светло) и 22 за технички неисправни возила. Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 5 санкционирани мотоциклисти, 64 мерки за непрописно паркирање, 63 возила подигнати со „пајак“ и 42 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.
Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.