Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднел Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.
На 28 мај, 49-годишната обвинета се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје, притоа прикажувајќи фалсификувана исправа – лажен медицински сертификат за негативен ПЦР тест на САРС-КоВ-2 вирусот – информираат од скопското обвинителство
Оттаму додаваат дека иако знаела дека не се тестирала во наведената лабораторија ден претходно и дека не и бил издаден негативен резултат на ПЦР тестот, таа пред овластените службени лица ја прикажала медицинската потврда како вистинита.
Јавниот обвинител предложил Судот на обвинетата да и изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.