Кавадаречките пожарникари синоќа спасиле куче од водите на реката Луда Мара, го нашле изнемоштено како трепери, при што се претпоставува дека подолго време се обидувало самото да излезе.
Денеска јавна благодарност до Територијалната противпожарна екипа, изразија од Здружението за заштита на животните ,,Аними Реино” од Кавадарци.
Дека и во нашиот град има совесни граѓани, покажа успешната акција која се случи синоќа. Се се случило по пријава од граѓанин кој го забележал кучето во водите на реката.
Најверојатно во потрага по вода е влезено внатре. Лицето кое пријавило вели дека со само еден повик противпожарната екипа веднаш пристигнала. Брзо и без размислување веднаш влегле да го спасат кучето, информираа од Здружението.
Освен до противпожарнатаединица Кавадарци, тие упатија благодарност и до лицето кое не одминало и го пријавило случајот.
Изразија надеж дека ќе има се повеќе совесни граѓани и уште многу спасени животи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.