Дваесет и тригодишна кавадарчанка се сомничи за кривично дело ,,повреда на тајноста на гласање“, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Во Одделението за внатрешни работи Кавадарци синоќа во 17:00 часот била повикана 23-годишна кавадарчанка, поради сомнение дека како член на избирачки одбор на гласачко место во Кавадарци, на 15.07.2020 сторила кривично дело ,,повреда на тајноста на гласање“, соопшти Додевски.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.