Надворешната канцеларија за криминалистичи работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.М. (50) од село Ваташа, кавадаречко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.

На 03.03.2019 околу 16.30 часот во село Паликура, кавадаречко, на место викано „Долна Лака“, С.И. (57) од село Паликура го затекнал Б.М. како сече дрва и се обидел да го спречи.

После тоа, Б.М со моторна пила упатил закани по неговиот живот, ги натоварил исечените дрва во неговото возило, но полициски службеници го спречиле да замине од местото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.